Чурлинов со прв гол за Штутгарт, Македонецот чекор поблиску до Бундеслигата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Младиот македонски репрезентативец го покажува сиот потенцијал и дури како резерва знае да биде клучен за клубот кога е најпотребно…

Во првите два натпревари (претрпени порази) од продолжението на сезоната втората Бундеслига тренерот на Штутгарт, П. Матарацо не му даваше шанси на нашиот интернационалец.

Но, откако започна да добива минутажа, Македонецот навистина блеска на теренот и го покажува сиот потенцијал. Па дури и како резерва знае да биде многу клучен за клубот, во минатото коло ги одигра последните 15 минути во триумфот над Хамбургер во дербито.

И на денешниот меч во рамките од 29 коло беше на клупата, Штутгарт славеше со 0:2 против Динамо Дрезден на гостински терен.

За водство стрелаше Ал Гадиуи во 18 минута, потоа во 57 минута Чурлинов влезе во игра како замена за Форстер. Конечниот епилог го постави Македонецот во 88 минута од средбата за негов прв гол во својот нов клуб и голема радост.

На пет кола до крајот на шампионатот се води голема битка за учество во Бундеслигата, моментно првопласирана е Арминија Билефилд со 56 бодови, на второто место е Штутгарт со 51, следуваат Хамбургер (49), Хајденхајм (48), Дармштад (43)…

Првопласираните две екипи одат директно во елитата, а треторангираната во плејоф. Во следното коло Штутгарт ќе игра дома (7 јуни) против Оснабрик кој е на 14 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот