Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Чупиќ: Мора да го ставиме Монпеље под притисок и да чекаме на нашите моменти

Ракометарите на Вардар 1961 го чека тешка задача на реваншот од четвртфиналето во Европската лига на домашен терен против Монпеље во вторник од 20.45 часот.

Играчите на тренерот Иван Чупиќ пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се обидат да ја анулираат негативата од 10 голови разлика од првиот меч во Франција (33:23).

За разлика од првите 60 минути, скопските „црвено-црни“ ќе бидат во полн состав, односно хрватскиот стратег на располагање ќе ги има сега и едни од најдобрите играчи во тимот, Јака Малус и Дмитро Хориха.

-Нашиот план е едноставен – мора да го ставиме Монпеље под притисок и да чекаме на нашите моменти. Кога ќе дојдат, треба да ги искористиме и да ги извадиме од нивната комфор зона. Ништо повеќе не е лесно, ниеден тим нема да се откаже. Дури и да водиме со 15 гола разлика, Монпеље нема да се откаже. Мора да се обидеме да одиграме совршен натпревар, и ние како тим и целата арена треба да веруваме сите 60 минути – се зборовите на Чупиќ на официјалниот сајт на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот