Фото: Слободен печат/Драган Митроски

Чулев: Судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека по повеќегодишна битка, судот донел пресуда во негова корист, а според која незаконски му бил одземен безбедносниот сертификат и незаконски бил отпуштен од работа. Чулев вели дека со години бил цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт.

„Судовите утврдија дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат“ напиша Чулев на Фејсбук.

Во објавата Чулев пишува за годините „на понижување, клевети и неправда“, што ги поминал во својата професионална кариера, во кои, како што вели, бил цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт.

„Тоа беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца. Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот“ додава тој.

Чулев вели дека оваа објавата не ја пишува заради одмазда, ниту за саморекламирање, „туку за вистината да биде јавно запишана“.

Агенција за разузнавање: Чулев нема добиено отказ, туку е суспендиран по решение на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот