Чулев: Судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски
Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека по повеќегодишна битка, судот донел пресуда во негова корист, а според која незаконски му бил одземен безбедносниот сертификат и незаконски бил отпуштен од работа. Чулев вели дека со години бил цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од …

