Чулев: МВР не беше информирано за набавката на софтверот

Во врска со отворената покана за политички дуел од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, господинот Драги Рашковски, моја обврска како одговорна личност и поранешен министер за внатрешни работи е да ги информирам граѓаните за фактичката состојба во врска со проектот „Безбеден град“, а поврзано со набавка на софтвер за регистрирање на сообраќајни прекршоци, на ист начин како што и МВР ја информира јавноста за посочениот проект односно дека МВР не било информирано за наведената набавка, напиша на Фејсбук поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

– Напоменувам дека изјавата не е во никој случај политичка, туку истата ја дадов како експерт на кој му беше укажана доверба и чест да раководи со Министерството за внатрешни работи. Изјавата не содржи политички флоскули, туку реални факти и аргументи. Доколку господинот Рашковски смета дека не ја зборувам вистината слободно нека иницира соодветна судска постапка за клевета, додава Чулев.

– Мојата лична култура и политичката етика не ми дозволуваат за вакви прашања да дискутирам на дебати и не сметам дека тие се место за решавање на прашања за кои веќе јавното обвинителство има започнато предистражна постапка. Оставам институциите на системот да ја завршат во целост нивната работа, а јас стојам на нивно располагање во секое време, вели тој.

Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер на Рашковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот