Чулев: Инцидентот во Ченто е предизвикан од политички побуди

Фото: Слободен печат/Драган Митроски

Еден од приведените се преставил како советник на СДСМ од Советот на Гази Баба и со тоа сакал да изврши притисок врз полицајците, изјави министерот Наќе Чулев.

Во изминатиот период граѓаните соработуваа со полицијата, ја поддржуваа и помагаа. Тука би сакал да истакнам дека таа соработка е многу важна и даде значителен приденос во работата на полицијата. Но, вчерашниот настан говори за однесување спротивно од претходно кажаното. Политичката позадина не го оправдува ова однесување. Тој настан е предизвикан и од политички побуди, изјави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Околу 21.10 часот на социјалните мрежи се појави слика дека има група луѓе на улицата „Алија Авдовиќ“. Полициска патрола изврши контрола и провери дали има прекршување на полицискиот час. Утврдено е дека имало осум лица кои откако ја забележале полициската патрола, петмина од нив избегале, а тројца останале. Еден од приведените се претставил како советник на СДСМ од Советот на Гази Баба и со тоа сакал да изврши притисок врз полицајците.

По службениот разговор со тројцата во полициската станица Гази Баба направена е кривична пријава. Околу 22 часот на истата локација, односно на улицата „Алија Авдовиќ“ имало група луѓе кои се собрале по објавена лажна информација дека врз приведените била употребена сила во полициска станица. Тоа е лага.

Во однос на видео записите на кои се гледа дека градоначалникот на Гази Баба ветува дека тој ќе ги ослободи приведените, потенцирам дека МВР постапува неселективно кон сите граѓани. Пријавите се поднесени до ОЈО, а лицата кои беа приведени уште синоќа беа ослободени. МВР обезбеди видео запис од сите лица кои не го почитувале законот, а дел од тие лица се веќе идентификувани од наша страна – изјави Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот