Чулев: Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорирамe

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се огласи на својот Фејсбук профил, каде упати неколку пораки за однесувањето на луѓето и зачувувањето на колективното здравје.

Во продолжение прочитајте го статусот на Чулев:

„Православните христијани утре празнуваат Задушница, а в недела го празнуваат  слегување на Светиот Дух на Апостолите или помеѓу граѓаните познат како Духовден.

❗️Оваа година овие два големи и значајни празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, знаечаен и сериозен предизвик – да го заштитиме сопственото здравје од вирусот Ковид 19.

?Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни,  и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните.

✅ Сите ние сме одговорни за своето, но и за колективното здравје.  Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.  Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас“, пишува Чулев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот