ЧУДО ВО НИШ: Момче падна од трет кат, а помина само со полесни повреди

Фото: Профимедиа

Седумгодишно момче од Ниш утринава паднало од трет кат на неговата семејна куќа, но поради неверојатен сплет на околности, поминало само со полесни повреди, објави српски „Телеграф“.

Според сознанијата на српските медиуми, детето се разбудило во четири часот наутро и започнало да ја вика мајка си, која во тоа време се туширала. Со оглед на тоа дека немал клуч од влезната врата, се обидел да премине од една на друга тераса од куќата, но не успеало и паднало од девет метри.

Единствената причина поради која момчето поминало само со полесни повреди е поради тоа што паднало на тревна површина, а не на бетон.

Клиничкиот центар во Ниш ѝ соопштил на полицијата дека примил момче кое паднало од трет спрат на куќа, како и дека за случајот е извесетно и Високото јавно обвинителство во Ниш. Од болницата е кажано дека момчето имало само контузии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот