ЧУДО ВО КЕНТАКИ: Едногодишно дете преживеало три дена во дивината

дете дивина
Принтскрин

По три дена потрага, во Кентаки е пронајдено момчето Кенет Хауард, по кого се трагало откако било пријавено неговото исчезнување.

Спасителите го чуле неговиот плач и го нашле жив и неповреден, што е вистинско чудо, бидејќи е пронајден во дел каде постојано има мечки и којоти.

Детенцето веднаш било згрижено и однесено во болница. Во потрагата по него биле вклучени спасувачи, хеликоптери, дронови и кучиња, како и локални жители. Неговите родители ветиле награда од 5.000 долари за оние кои ќе го пронајдат нивното исчезнато дете.

Детето било жедно и плачело по своите родители, а единствно што настрадал биле каснувањата од бубачки и дехидрирањето. Родителите го препознале преку фотографиите кои биле објавени со веста дека во дивината на Кентаки е пронајдено момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот