Чудесниот Халанд: Рекордите во Премиер лигата и статистиката на Роналдо и Меси изгледаат смешно

Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Ерлинг Халанд игра фантастично во дресот на Манчестер Сити и ако продолжи вака би можел да ги сруши сите голгетерски рекорди. Интересно е што Англичаните дури отворија петиција да му се забрани да игра во Премиер лигата, што секако е нешто невозможно.

Пофалби за Норвежанецот пристигнуваат од сите страни, а има и зошто неговите бројки се многу подобри кога ќе се споредат со оние на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, далеку зад него е и Килијан Мбапе.

„Ерлинг изгледа застрашувачки, едноставно како да е роден да постигнува голови, неговите бројки и настапи говорат сами по себе“, изјави Гвардиола после дербито против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата во кое Халанд постигна хет-трик.

На осум натпревари досега во Премиер лигата Халанд постигна 14 гола, двојно повеќе од Хари Кејн кој е второпласирани на листата стрелци. Со ваквиот старт сериозно се заканува по рекордот на голови во една сезона во Премиер лигата кои го држат Енди Кол и Алан Ширер со постигнати 34 гола, но таков учинок тие постигнаа кога во најсилната англиска конкуренција се играа 42 натпревари.

Од кога се игра во формат со 38 натпревари рекордот го држи Мохамед Салах со 32 гола. Ниту еден играч во Премиер лигата не ја освоил наградата најдобар стрелец со просек од гол по натпревар, а најблиску до такво нешто беше Кејн во сезоната 2016/2017 кога постигна 29 гола на 30 одиграни натпревари. За споредба ако Халанд продолжи вака крајот на сезоната ќе го дочека со 60 гола.

Бројки како Халанд нема ниту Килијан Мбапе кој е една година постар од Норвежанецот, немаа ниту Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ ДО 22 ГОДИНИ:

Халанд: 154 гола на 194 натпревари (0,8 во просек по натпревар)

Мбапе: 131 гол на 202 натпревари (0,65 во просек по натпревар)

Меси: 80 гола на 162 натпревари (0,5 во просек по натпревар)

Роналдо: 53 гола на 214 натпревари (0,25 во просек по натпревар)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот