Човекот кој не ни дозволи европско финале, мајстор и во карантин (ВИДЕО)

фото: твитер

Во 2018 година ја заврши кариерата, но на својот мал терен покажа дека не заборави да игра кошарка, напротив и натаму е навистина прецизен.

Еден од најдобрите во историјата на шпанската кошарка, исто така се наоѓа во домашна изолација поради пандемијата на коронавирусот.

Во 2018 година ја заврши кариерата, но на својот мал терен покажа дека не заборави да игра кошарка, напротив и натаму е навистина прецизен.

Човекот кој беше еден од главните виновници што на Европското првенство во 2011 година не ни дозволи да се пласираме во големото финале.

Тогаш шпанскиот репрезентативец против македонската репрезентација запиша 35 поени, беше незапирлив и ја направи разликата на полуфиналниот меч.

Хуан Карлос Наваро и во карантин ги покажува своите шутерски вештини, токму нешто слично како на мечот против нашите најдобрите кошаркари, едноставно реализира од секакви позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот