Членството на УПОЗ се ситни, кој ќе се бори за работничките права?
Последните европски статистики говорат дека просечната возраст на членовите на синдикатите е меѓу 45 и 50 години, а процентот на лица под 25 годишна возраст, кои се зачленуваат е значително намален. Затоа и фокусот на новиот проект на УПОЗ се младите, како да се задржат во матичните земји, но и да не бидат неми набљудувачи на актуелните состојби
Синдикалците се загрижени од постојаниот одлив на членството за кој нема замена, оти младите луѓе попрво би ја напуштиле државата, отколку да се борат за подобри услови за работа во матичната земја. Синдикалната статистика е неумоллива – изминатиот период европските организации изгубиле повеќе од 11 милиони членови, резимира Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, најавувајќи го почетокот на вториот голем проект кофинансиран од ЕУ, кој ќе трае наредните 24 месеци и освен во нашата земја, ќе се спроведува и во 6 европски земји. Партнери на УПОЗ се 11 слични синдикати, универзитети и истражувачки организации од Европа.
Препорачано
-Последните европски статистики говорат дека просечната возраст на членовите на синдикатите е меѓу 45 и 50 години, а процентот на лица по 25 годишна возраст, кои се зачленуваат е значително намален. Затоа и фокусот на овој проект се младите, како да се задржат во матичните земји, но и да се борат за работничките права – нотира Деаноски.
Прецизна статистика за староста на членството на УПОЗ нема, но според каталогот на работни места во администрацијата, дури 55 проценти од вработените се над 50 годишна возраст.
Освен ниските плати, – младите бегаат од земјава и поради мобингот, безбедноста на работното место и непочитувањето на работничките права, оцени Деаноски.
-За жал овој проблем не е само синдикален, бидејќи веќе сите им е јасно дека ние како држава се соочуваме со одлив на млади луѓе кои во се поголем број заминуваат да работат во земјите од ЕУ. Она што се забележува и за што треба да се замислат актуелната, но и сите идни влади е фактот дека за младите воопшто не е атрактивно да се вработуваат во државната администрација или правосудството поради ниските плати и неможноста за унапредување. Дека не зборуваме напамет, говори и фактот дека се соочуваме со голем број неуспешни јавни огласи за вработување во државните органи. Конкретно ќе зборувам за судската администрација каде 95 отсто од колегите земаат минимална плата или нешто над неа. А за нејзиното подмладување веќе не е доволен ни минималецот. Ако не направиме нешто, во наредниот период сосема ќе останеме без младата синдикална сила. Затоа и целта на овој проект е младите да се запознаат со предностите од членството во синдикатите – поентира претседателот на УПОЗ.


