Фото:INSTAR Images / Profimedia

Читач на усни откри што разговарале Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли пред нејзиниот говор на „Тајм100“

Читач на усни откри што си кажале Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс за време на нивниот интимен разговор на гала настанот „Тајм100“ кој се одржа во четвртокот вечерта во Њујорк.

37-годишната актерка беше фотографирана како разменува зборови со 48-годишната ѕвезда од „Дедпул“, неколку моменти пред да одржи говор, во кој алудираше на нејзината правна војна со поранешниот колега Џастин Балдони, а исто така откри и дека нејзината мајка била нападната од „познаник на работа“, пишува „Дејли Мејл“.

Пред говорот, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс размениле неколку зборови и бакнежи, а сето тоа било забележано од камерите и фотографите присутни на настанот. Рејнолдс ѝ понудил поддршка и охрабрување на својата сопруга, пред да излезе на сцената.

Според странските медиуми, Рајан Рејнолдс ја пофалил сопругата велејќи ѝ: „Изгледаш фантастично“, на што таа одговорила: „Ти благодарам“. Во тој момент, Блејк нежно го погалила по лицето, а потоа се бакнале пред Рејнолдс да седне на своето место во публиката. Оваа кратка, но значајна размена на нежност  и љубов, дополнително ја нагласи нивната блискост и меѓусебно почитување.

Додека чекаа на црвениот тепих, Рејнолдс реагираше со доза на хумор кога еден фотограф ја нарече Блејк „госпоѓа Рејнолдс“, изразувајќи колку му се допаѓа прекарот. Рејнолдс постојано покажуваше колку е горд на својата сопруга.

Во својот говор, Блејк Лајвли се заблагодари на „секој маж, вклучувајќи го и нејзиниот драг сопруг, кој е љубезен и добар кога никој не гледа“. Таа се осврна на одговорноста што доаѓа со титулата „влијателна личност“ и суптилно алудираше на нејзината правна битка со Балдони, велејќи:

„Имам толку многу да кажам за последните две години од мојот живот, но вечерва не е место за тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот