Чистачите, а не програмерите се најбараната професија во Србија
Во мај, според податоците на Националната служба за вработување (НСВ), работодавачите во Србија барале 14.390 работници, а најбарани биле чистачите на соби, т.е. хотели, канцеларии, тоалети, за кои биле објавени 556 слободни работни места.
Препорачано
Програмерите, како една од најбараните професии во Србија, се нашле на второ место во мај, бидејќи работодавачите барале 555 работници во оваа професија.
На листата на петте најбарани беа традиционално бараните магацински работници со 492 понудени работни места, по што следуваа обезбедувачи со 468 и ѕидари со 345.
По нив следуваат градежни работници, имено столари, за кои во мај беа објавени 349 огласи за работа, физички работници за високоградба – 303, работници за арматура – 246, пишува Танјуг, пренесува Србија данас.
Исто така, се бараат продавачи, помошници во кујната, физички работници во градежништвото, прехранбената индустрија и келнери.
Од другата страна на листата, каде што во мај беа барани помалку од 10 работници, меѓу другите се наоѓаат адвокати, наставници по англиски јазик, музика, физика, како и социјални работници, ветеринари, стоматолози и сметководители.


