Чини помалку од едно евро, а го подобрува секое јадење, омекнува жилаво месо и го продолжува рокот на траење на овошјето
Едноставен, евтин и неверојатно корисен – обичниот оцет заслужено има постојано место во секоја кујна.
Препорачано
Литар обичен алкохолен оцет во продавниците чини околу 50 денари, но малкумина се свесни колку всушност е корисна оваа состојка. Иако најчесто го користиме како додаток во салати, оцетот е вистински мал кујнски помошник кој може да реши бројни кулинарски проблеми и да ја подобри подготовката на храната, пренесува „Нова“.
Во продолжение следат најкорисните и малку изненадувачки начини на кои може да се употреби:
Ја продолжува свежината на бобинките:
Бобинките, особено органските, многу брзо се расипуваат. Боровинки, малини и капини можат да почнат да се расипуваат веќе 24 часа по купувањето. За да им ја продолжите свежината, измијте ги веднаш штом ќе се вратите дома. Извадете го овошјето од пакувањето и потопете го во мешавина од вода и оцет во однос 5:1 – на еден литар вода додајте околу 200 мл оцет и оставете да стои пет минути. Истражувањата покажуваат дека оцетната киселина ги уништува спорите на мувла и бактериите на површината на овошјето. По испирањето со чиста вода, вкусот на оцетот воопшто не се чувствува.
Го олеснува лупењето варени јајца:
Ако лушпата на варените јајца редовно се лепи за белката, решението е едноставно. Во водата за варење додајте околу две кафени лажички бел оцет. Оцетот ја омекнува внатрешната мембрана на лушпата и значително го олеснува лупењето.
Помага при готвење компири
За совршено сварен компир, идеален за компир-салата, корисно е да се додаде малку оцет. Според списанието Home Cook World, на компирот кој се вари околу 30 минути, треба да се додаде оцет во зовриена вода околу 13-та минута од готвењето.
Додавањето оцет создава тенок слој на надворешниот дел на компирот, што помага да го задржи обликот, да не се распаѓа и да не стане кашаст.
Спасува пресолено јадење
Ако сте го пресолиле супа, чорба или гулаш, додадете малку оцет за да ги израмните вкусот и аромите.
Омекнува жилаво месо
Оцетот е честа состојока во маринади, бидејќи ефикасно го омекнува жилавото месо. Можете да користите вински, јаболков или обичен бел оцет.
Го забрзува квасењето на тесто
Ако во тестото за леб додадете една лажица јаболков оцет, тестото ќе се подигне побрзо и подобро. Оцетот реагира со квасецот, ја забрзува неговата активација и му дава на лебот пријатен вкус.


