Четворица во Чешка присилувале млади жени да се снимаат за „Онлифанс“
Четворица во Чешка денеска беа обвинети од полицијата дека присилувале млади жени да создаваат еротска содржина за „Онлифанс“, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Случајот за трговија со луѓе се однесува на група, вклучително и на една неименувана правна организација, која регрутирала десетици жени веднаш откако ќе наполнат 18 години.
Осомничените потоа ја искористувале нивната незрелост и незнаење, според полицијата, за создавање содржина без нивна контрола врз нејзината употреба.
„Онлифанс“ е платформа за возрасни каде што корисниците можат да продаваат пристап до фотографии и видеа, вклучително и сексуално експлицитна содржина.
Полицијата соопшти дека, откако ја стекнале довербата на жените, осомничените ги намамиле да создаваат еротска содржина и да потпишуваат договори со кои тие ги застапуваат на социјалните мрежи, најчесто на „Онлифанс“.
„Жртвите најчесто немале пристап до профилите создадени со нивните лични податоци. Осомничените наводно користеле психолошки притисок, закани со казни или одбивање на исплати за постепено да бараат сè поексплицитна содржина против слободната волја на жртвите“, додаде полицијата.
Случајот вклучува најмалку 3,6 милиони чешки круни (околу 172.794 долари) приход, соопшти полицијата.
Портпарол на „Онлифанс“, без да коментира конкретно за чешката истрага, изјави дека компанијата соработува со органите за безбедност ширум светот.
„Компанијата сериозно ја сфаќа безбедноста на своите корисници и значително инвестира во мерки за нивна заштита, вклучувајќи строги процеси за верификација, контроли на плаќања и постојана модерација на сметки“, изјави портпаролот.
„Онлифанс“ е основана во 2016 година и има стотици милиони корисници, а најуспешните креатори заработуваат милиони долари годишно.
Платформата е ограничена или забранета во некои земји, вклучително и во Турција, и е предмет на бројни пријави.
Според специјален извештај на „Ројтерс“ од 2024 година, повеќе од 120 луѓе пријавиле до американската полиција дека биле прикажани во сексуално експлицитна содржина на оваа страница без нивна согласност.
Исто така, злоупотреби се документирани и на други места, при што истиот извештај открил најмалку 17 случаи во кои луѓе се пожалиле на британските власти за порнографија објавена на „Онлифанс“ без согласност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


