Четворица тинејџери кои исчезнале на кампување во Велс пронајдени мртви во нивниот превртен автомобил

Велс полиција / Фото: Gareth Everett/Huw Evans / Shutterstock Editorial / Profimedia

Телата на четворицата тинејџери кои биле исчезнати откако заминале на викенд кампување се пронајдени во нивниот превртен автомобил, соопшти во вторникот британската полиција.

Полицијата во Велс соопшти дека телата на момчињата, кои наводно биле на возраст од 16 до 18 години, биле извлечени од автомобилот кој веројатно изелтал од автопатот во близина на Тремадог во Гвинед, северозападен Велс. Возилото било превртено и делумно потонато во вода, соопшти полицијата, пренесува АП.

Претходно била започната потрага по Џевон Хирст, Харви Овен, Вилф Хендерсон и Хуго Морис откако не се вратиле дома во Шропшир, Англија, од ноќното кампување во областа Сноудонија.

„Во моментов, се чини дека ова беше трагична несреќа и нашите мисли се со семејството и пријателите на четворицата млади момчиња во овој многу тежок момент“, рече полицискиот началник Овен Левелин.

Марк Дрејкфорд, првиот министер на Велс, рече дека смртта на момчињата е „погубна вест“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот