Фото: Unsplash

Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од камион

Полицијата сомничи четворица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи компир, соопшти СВР Струмица.

СВР Струмица информира дека полициските службеници ги лишиле од слобода Ј.А. (40), М.А. (34) и Р.Д. (31), сите од Струмица. И.А. (38) од Струмица бил повикан во просториите на полицијата како осомничен за учество во кражбата.

При службените разговори, сите го признале делото. Од Ј.А. и М.А. биле одземени украдените 160 вреќи компир, кои биле вратени на сопственикот.

За случајот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот