Четиригодишно дете со магарешка кашлица хоспитализирано на Детската Клиника

Фото: МИА

На Детската Клиника во петокот било хоспитализирано дете со тромбоцитопенија, на кое вчера во 18 часот му била дијагностицирана и магарешка кашлица, дознава „Слободен печат“. Ова е 16-ти случај од почетокот на годинава. Во регионот, особено во Србија состојбата е алармантна, со 4 починати бебиња од пертусис (магарешка кашлица).

Директорката на Клиниката за детски болести доктор Валентина Цвејоска Чолаковска во изјава за „Слободен печат“ посочи дека детето има 4 години и е вакцинирано со ДиТеПер вакцина на 2,4,6 и 18 месеци. Кај него се ординира кортикостероид и се наоѓа во изолација од почетокот на хоспитализацијата кога уште не било ни сомнително за магарешка кашлица, туку било третирано само за тромбоцитопенијата.

-Ова дете е вакцинирано, но има хронична болест и имунокомпромитирано е. Има четири години. Изолирано е од моментот на хоспитализацијата. Стабилно е, кашла но нема пневмонија или компликации, посочи за „Слободен печат“ доктор Цвејоска Чолаковска.

Инаку во моментов Комисијата за заразни болести заседава за состојбата со големата кашлица во Македонија, како и за состојбата со сезонскиот грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот