„Четири од четири“ за Басконија во Евролигата, Жалгирис славеше над Партизан
Се одиграа уште два натпревари денеска од 37 коло во Евролигата, кошаркарите на Басконија на гости со 82:72 триумфираа против Виртус Болоња, додека Жалгирис во Белград славеше против Партизан со 83:74.
Препорачано
На натпреварот во Србија на почетокот на натпреварот сè беше околу почината кошаркарска легенда Душко Вујошевиќ, почнувајќи од воведниот краток филм, преку кореографијата на навивачите кои ја држат неговата слика во рацете, па сè до солзите на сите други навивачи во Арената, и на играчите им беше навистина тешко дури и да го започнат мечот.
Во литванската екипа најрасположен беше Франциско со 18 поени и шест асистенции, а на спротивната страна Џонс запиша 15 поени и четири асистенции.
Жалгирис ги задржа шансите за учество во плејофот и моментно е на шестото место (22-15), додека Партизан кој ги загуби шансите за понатамошен пласман, се наоѓа на 16 позиција (15-22).
Шпанската Басконија дојде и до 13 победа, четврта по ред, остварена против италијанскиот Виртус најмногу благодарение на Оморуји со 22 поени, а на спротивната страна Алстон имаше 19 поени.
На табелата Басконија е на 17 позиција (13-24), додека Виртус Болоња се наоѓа на 18 позиција (13-24).


