Фото: Karate klub Makpetrol/Bosko Zaborski

Четири медали за македонските каратисти на турнирот „Златен појас“ во Чачак

Изминатиот викенд се одржа најстариот европски меѓународен карате турнир, 55-ти по ред „Златен појас“ во Чачак, Србија. Македонија на овој турнир беше поканета и настапи со 15 спортисти од поширокиот список на сениорската репрезентација.

На турнирот во Чачак имаше силна конкуренција на пријавени официјални репрезентации од 22 држави, од Балканот и Европа.

Каратистите на Макпетрол одлично се претставија на овој регионално најсилен европски карате турнир. Успеаja да освоjат три бронзени медали, иако можеше успехот да биде и поголем.

Добар впечаток остави Петар Заборски (-75кг), кој беше и тренер и спортист на овој турнир, тој имаше вкупно четири победи и еден пораз (0:0), загуби на изјаснување во полуфиналната борба.

Репрезентативките Викторија Јовановска и Јована Мицовска, исто така прикажаа модерен карате пристап и одлична форма. Добар впечаток остави и младиот спортист Андреј Стојчевски (-60кг) од карате клуб Кизаме, кој освои сребрен медал. Спортистите од Данило Божовиќ (-84 кг) и Вукашин Јовановиќ (-67кг) овој пат не успеаја да освојат медали, информираат од карате клуб Макпетрол.

Медали освоија:
1.Петар Заборски (-75 кг),
2.Викторија Јовановска (-68 кг)
3.Јована Мицовска (-61 кг)
4. Андреј Стојчевски (-60 кг)

Сениорска карате репрезентација на Мaкедонија “Златен појас на Чачак” 2026/Фото: Karate klub Makpetrol/Bosko Zaborski

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот