Јсп/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Четири дена за Велигден ЈСП ќе вози како во недела

Од ЈСП-Скопје информираат дека по повод празникот Велигден, за време на продолжениот викенд, од петок до понеделник, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, а билетарниците кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.

Во петок и во недела дежурна ќе биде само билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот, додека пак понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација, информираа од претпријатието.

Жичницата на Водно од петок до понеделник ќе работи со редовно работно време од 10:00 до 18:00 часот, а во понеделник, како и вообичаено, нема да работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот