Чествување на Св. Климент Охридски: Положување венци и доделување на националната награда за 2025 година
Пред споменикот на Св. Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денес ќе бидат положени венци и цвеќе по повод државниот празник посветен на големиот светител.
Препорачано
На чествувањето ќе присуствуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и политички партии.
Во рамки на одбележувањето, во Собранието традиционално ќе биде доделена и државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година – највисокото национално признание за долгогодишни исклучителни остварувања во воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата на животната средина и социјалната дејност од јавен интерес.
Добитници на годинашната награда се академик Витомир Митевски за достигнувања во областа на воспитанието и образованието, како и композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим за придонесот во културата и уметноста.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
36мин
-
39мин
-
54мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


