Чешка и Полска продолжуваат со вакцината на „АстраЗенека“: Нејзините предности ги надминуваат ризиците

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Чешка ќе продолжи со имунизација со вакцината „АстраЗенека“, иако неколку земји привремено ја прекинаа нејзината употреба, и само ќе провери дали може да се продолжи периодот меѓу првата и втората доза за да се вакцинираат повеќе луѓе, соопшти денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш.

– Го прашав министерот за здравство, Јан Блатни, за здравствените ризици. Тој ми одговори дека тој е хематолог, дека се разбира во тоа, и оти Чешка ќе продолжи да вакцинира, изјави Бабиш по седницата на Владиниот совет за здравствени ризици.

И во соседна Полска, министерот за здравство, Адам Нијелски, рече дека предностите од вакцинирање со „АстраЗенека“ ги надминуваат можните ризици што ги носи вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот