Челси во проблеми, на крајот од сезоната останува без двајца дефанзивци?

Ридигер се смета за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата/ 19 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Актуелниот европски шампион Челси се наоѓа во големи проблеми бидејќи преговорите за продолжување на договотите со двајца стандардни дефанзивци не одат во посакуваната насока.

Прво, проблемите започнаа со германскиот репрезентативец Антонио Ридигер кој не крие дека сака да остане на „Стемфорд бриџ“ но бара да биде соодветно платен, односно бара годишна плата помеѓу 10 и 12 милиони евра.

Засега управата на Челси му нуди плата од осум милиони евра и доколку не дојде до договор, Ридигер ќе се пресели во Баерн, Реал Мадрид и ПСЖ кои веќе му доставија понуди.
Освен со Ридигер, Челси не може да најде заеднички јазик ниту со Андреас Кристенсен со кого преговорите се во застој веќе два месеци. Данецот игра одлично по доаѓањето на Томас Тухел на клупата иако .

Кристенсен исто така сака да остане во Челси, но бара да подобри финансиски услови и доколку управата не им ги исполни желбите, на крајот од сезоната може да остане без двајцата одличните дефанзивци.

Од друга страна, контроверзниот агент Мино Рајола на Челси му го нуди дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт, а како опција се споменува и Жил Кунде од Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот