Челси конечно ја победи Барселона на трансфер пазарот, Аспиликуета останува верен на „сините“

Сезар Аспиликуета/фото: EPA-EFE/Tolga Akmen

Англискиот премиерлигаш Челси конечно успеа да „ја победи“ Барселона на трансфер пазарот и тоа во битката за сопствениот капитен Сезар Аспиликуета кој одлучи да остане на „Стемфорд бриџ“.

Италијанскиот новинар кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, објави дека Челси успеа да го задржи својот капитен, Сезар Аспиликуета  и во наредните две години. Романо објави дека Аспиликуета ќе потпише нов дегодишен договор на големо задоволство на менаџерот Томас Тухел.

Голем интерес за Аспиликуета пројавуваше и Барселона, дури одредени шпански медиуми во изминатиот период објавуваа дека се е договорено и Шпанецот ќе се врати во татковината, но Тухел беше упорен и успеа да го убеди капитенот да остане на „Стемфорд бриџ“.

Аспиликуета во Челси пристигн пред точно десет години од Олимпик Марсеј и со „сините“ освои сè што можеше да освои.

Трофејот во Лигата на шампионите го крена како капитен мнатата година, има две титули во Премиер лигата, два триумфи во Лигата на Европа и по еден триумф во Светското клупско првенство, УЕФА Суперкупот, ФА Купот и Лига Купот на Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот