Челси и Јунајтед ќе играат во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

фото: твитер

Трите екипи кои испаднаа од Премиер лигата и кои ќе играат во Чемпионшип следната сезона се Борнмут, Ватфорд и Норич.

Денеска и официјално заврши сезоната (2019/20) и во Премиер лигата, познати се и останатите учесници кои ќе играат во меѓународните натпреварувања.

Ливерпул веќе ја освои титулата, триумфално го заврши првенството со 1:3 над Њукасл. Редси иако уште од првата минута беа во негатива направија целосен пресврт преку ван Дајк, Орижи и Мане.

Манчестер сити заврши на второто место на табелата, како домаќин убедливо славеше над Норич (5:0), по еднаш во листата на стрелците се запишаа Жезус, Стерлинг и Марез, а двапати Де Брујн.


Во директна пресметка за место во групите на Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед со 0:2 го совлада Лестер. Од пенал за предност стрелаше Фернандеш, а во самиот финиш трите бода ги потврди Лингард. Така, „лисиците“ останаа на петтата позиција која ги води во групите на Лига Европа.

И Челси исто така ќе биде учесник во најквалитетното европско натпреварување, лондонските „сини“ завршија на четвртото место во генералниот пласман откако со 2:0 беа подобри од Вулверхемптон. Непосредно пред паузата мрежата на Патрисио успеаја да ја затресат Маунт и Жиру.

Ваквиот пораз на Вулвси му одговараше и на Тотенхем кој одигра реми кај Кристал Палас и со шестото место кое им носи Лига Европа.

Трите екипи кои испаднаа од Премиер лигата и кои ќе играат во Чемпионшип следната сезона се Борнмут, Ватфорд и Норич.

Како што е веќе познато нови премиерлигаши следната сезона се Лидс на Езгјан Алиоски и ВБА, а наскоро преку плејофот во Чемпионшип ќе го дознаеме и третиот патник.

Премиер лига, последно 38 коло
Недела, резултати –

Арсенал-Ватфорд 3:2
Барнли-Брајтон 1:2
Челси-Вулверхемптон 2:0
Кристал Палас-Тотенхем 1:1
Евертон-Борнмут 1:3
Лестер-Манчестер јунајтед 0:2
Манчестер сити-Норич 5:0
Њукасл-Ливерпул 1:3
Саутемптон-Шефилд јунајтед 3:1
Вест хем-Астон Вила 1:1

Конечна табела:

1.Ливерпул 99 бодови (ЛШ)
2.Манчестер сити 81 (ЛШ)
3.Манчестер јунајтед 66 (ЛШ)
4.Челси 66 (ЛШ)
5.Лестер 62 (Лига Европа)
6.Тотенхем 52 (Лига Европа)

18.Борнмут 34 (Чемпионшип)
19.Ватфорд 34 (Чемпионшип)
20.Норич 21 (Чемпионшип)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот