Челниците на Германската фудбалска федерација затајувале данок?!
Членови на обвинителството, даночната служба и полицијата извршија претрес во канцелариите на Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) и во домовите на неколку актуелни и поранешни вработени поради сомнежи за затајување на данок.
Во соопштението на обвинителството од Франкфурт, шестмина поранешни и актуелни лица вработени во ДФБ се осомничени дека намерно пријавувале лажни податоци за приходите од рекламирање на фудбалските стадиони за време на неколку натпревари во 2014. и 2015 година, како приход од управување на имот.
Обивинителството и даночните служби се сомневаат дека тие затаиле данок во висина од 4.7 милиони евра.
Засега обвинителството не ги открива имињата на обвинетите и дали меѓу нив се највисоките членови на ДФБ.
Германските медиуми пренесоа дека освен во седиштето на Федерацијата, полицијата, обвинителството и даночните служби извршиле претрес и на локации во Хесен, Баварија, Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија и Рајнланд-Фалц.