Чешка полиција/ Фото EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Чех возел пијан во спротивна насока на автопат, му нашле три промили алкохол во крвта

Чешката полиција уапсила 44-годишен човек откако добила повици од вознемирени возачи кои пријавиле дека тој со автомобил се движи во спротивна насока на автопатот Д55, јавија локалните медиуми.

Сообраќајната полиција го запрела автомобилот, бел „Фолксваген Пасат“ околу полноќ, откако неколку километри се движел во погрешна насока на фреквентниот автопат кај гратчето Хулин, во близина на границата со Словачка.

Полицајците отпрво не знаеле дали возачот направил грешка или се обидувал да најде пократок пат, но нивните дилеми биле разрешени кога му направиле алкотест, кој покажал дека тој имал три промили алкохол во крвта.

„Ги замолуваме сведоците и учесниците во сообраќајот кои биле загрозени од возачот да се јават кај надлежните на бројот 158“, изјави портпаролот на полицијата Радомир Шишка.

Според светските токсиколошки стандарди, некој што има три промили алкохол во крвта е на работ или веќе е во состојба на алкохолна кома, а толкава концентрација на алкохол може да биде и опасна по животот бидејќи може да доведе до запирање на дишењето, задушување при повраќање, хипотермија или целосно губење на свеста.

На неименуваниот возач му се заканува казна затвор до една година поради возење во пијана состојба, а во секој случај ќе му биде одземена возачката дозвола на долго време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот