Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Чеферин за проверките на ВАР кои траат и до 15 минути: Никој веќе ништо не разбира

Во последните неколку дена на фудбалските натпревари бевме сведоци на проверка на офсајдот во пракса според таканареченото Венгерово правило. Во исто време, видовме и она на што неволно се навикнавме во последните години – мерење милиметри кои всушност не носат никаква предност за напаѓачот.

И првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, зборуваше за честото погрешно толкување на толкувањата. Чеферин беше гостин на конференцијата Форум организирана во Мадрид од Аполо Спортс Капитал, новиот мнозински сопственик на Атлетико.

– Понекогаш навивачите не можат да ги разберат различните толкувања на правилата што ги гледаат од натпревар до натпревар. Ни јас веќе не ги разбирам. На пример, кога станува збор за играње со рака – никој веќе ништо не разбира. Дали е пенал или не, дали е намерно или не… Како го знаете тоа, не сте психијатар – рече Чеферин, зборувајќи за недостатокот на униформност во судиските одлуки од воведувањето на ВАР технологијата.

УЕФА, вели тој, работи на тоа.

– Се обидуваме да им објасниме на судиите дека одлуката ја носи судијата на теренот. ВАР треба да интервенира само во случај на јасна и очигледна грешка. Овие интервенции треба да бидат кратки, а не како понекогаш во Ла Лига или Премиер лигата, каде што сè трае 10 или 15 минути со прекини – се зборовите на Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот