Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Рамазан Кадиров / Фото: ЕПА

Лидерот на рускиот регион Чеченија, Рамзан Кадиров денеска најави дека планира да земе „неограничена и долга” пауза од својата функција.

Тој владее со Чеченија од 2007 година и е лидер со најдолг стаж во тој руски регион.

– Сфатив дека веќе долги сум на функција. Мислам дека дојде моето време (да ја напуштам власта), објави 45-годишниот Кадиров на Телеграм.

Кадиров, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, не наведе што ќе работи откако ќе се повлече од функција.

Чеченија под негово владеење е обвинета за масовно кршење на човековите права.

Кадиров во март наводно отпатувал во Украина, а има тврдења дека членови на неговата борбена полиција се борат заедно со руската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот