Чавушоглу: Албанија треба на Турција да ѝ ги предаде припадниците на ФЕТО

„Има стотици членови на ФЕТО во Албанија, иако нема официјални бројки. Побаравме нивно враќање во Турција. Албанија презема неколку чекори, и очекуваме да продолжи и понатаму. Не сакаме Албанија да биде сигурна врата за ФЕТО. Присуството на ФЕТО претставува ризик за националната сигурност на Албанија“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата.

Министерот за надворешени работи на Турција, Мевлут Чавушоглу денеска беше во посета на Албанија. Тој имаше средба со албанскиот министер за надворешни работи, Гент Цакај, од кого побара, Албанија да ги предаде на Турција припадниците на Движењето ФЕТО.

– Има стотици членови на ФЕТО во Албанија, иако нема официјални бројки. Побаравме нивно враќање во Турција. Албанија презема неколку чекори, и очекуваме да продолжи и понатаму. Не сакаме Албанија да биде сигурна врата за ФЕТО. Присуството на ФЕТО претставува ризик за националната сигурност на Албанија – изјави Чавушоглу на прес-конференцијата.

На 1 јануари оваа година, Албанија депортираше член на оваа движење во Турција, којшто осум месеци беше во затвор, под обвинение за фалсификување на пасоши.

Групата ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, за официјална Анкара е организатор на обидот за воениот удар на 15 јули 2016 година, при што загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот