Чави е подготвен да седне на клупата на Барселона, веќе го знае и првото засилување

Чави Ернандез неделава и официјално треба да биде промовиран како нов тренер на Барселона/ фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Каталонскиот тим и сезонава не игра според очекувањата, Роналд Куман, не внесе многу промени во играта кои би донеле подобри резултати, Барселона е пред елиминирана од ЛШ по убедливиот пораз од ПСЖ, а мали и се шансите и да ја освои титулата во Ла Лига.

Поради тоа се зголемува и притисокот за смена на Куман, а се знае која е најголемата желба на навивачите, Чави Ернандез.
Легендарниот капитен на Барселона кој моментно е тренер на Ал Сад, не крие дека негова најголема желба му е да седне на клупата на својот тим.
Поранешниот шпански репрезентативец Санти Казорла, кој игра токму за Ал Сад, вели дека Чави е подготвен за клупата на Барселона.
Чави е подготвен да биде тренер на Барселона. Одлично го познава клубот, знае како функционираат работите и свесен е што мора да направи за да ја одговори на барањата на клуб каков што е Барселона. Што се однесува до техничките способности, односно стилот на игра, Чави е перфектен за нов тренер – смета Казорла.

Според Казорла, доколку Чави седне на клупата на Барселона, првото засилување би требало да пристигне од Виљареал.
– Мислам дека Пау Торес е брутален играч, Чави постојано ме прашува за него. Тој е млад, одличен фудбалер и поседува одлични способности како фудбалски така и човечки. Го има стилот на Барселона, се снаоѓа добро со топката и има добра визија на играта – додава Казорла.

Навивачите со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Чави на клупата бидејќи освен што клупска легенда ќе го води тимот и ќе ја негува старата филозофија со контрола на топката и брзи додавања, тие сметаат дека поранешниот капитен може да го убеди Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“ и по завршување на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот