Чапел Роан одговори на реакциите по шокантниот топлес стајлинг на Греми: „Не е толку скандалозно“
Позната по тоа што редовно привлекува внимание на црвениот тепих, Чапел Роан повторно стана вирална на 68. доделување на Греми наградите. Но, овојпат не поради изјава за медиумите, туку поради нејзиниот смел и провокативен моден избор.
Препорачано
Пејачката се појави во впечатлив бордо фустан, кој се „држеше“ со помош на пирсинг на брадавиците. Со тоа, 27-годишната ѕвезда ги подигна таканаречените „голи фустани“ на сосема ново ниво. Нејзиниот изглед брзо го преплави интернетот и беше окарактеризиран како „X-rated“ моден момент, а реакциите не стивнуваат. По целата врева, Чапел реши да се огласи преку Инстаграм, каде што објави фотографии и детално го објасни својот стајлинг.
View this post on Instagram
„Се смеам затоа што искрено не мислам дека ова е ТОЛКУ скандалозен аутфит,“ напиша таа.
Покрај фустанот, нејзиниот изглед вклучуваше и проѕирна бордо наметка со качулка, совршено усогласена со бојата на нејзината коса, која ја тргна за време на фотографирањето на црвениот тепих.
„Комбинацијата е навистина неверојатна и чудна. Искрено, препорачувам да си ја користите слободната волја – многу е забавно и малку глупаво :D,“ додаде таа.
Таа им се заблагодари и на Греми наградите, како и на сите што гласале за неа, а посебна заслуга ѝ припиша на модната куќа „Mugler“, која стои зад уникатниот дизајн.
За да стави крај на шпекулациите, Чапел појасни дека брадавиците всушност биле протетски, изработени од SFX уметници, меѓу кои и Саша Гласер.
Иако фокусот беше на провокативниот фустан, многумина ги забележаа и нејзините впечатливи тетоважи, вклучувајќи и голема тетоважа преку целиот грб, која дополнително го надополни уметничкиот изглед.


