Центар и денеска преплавен со ѓубре, општинските хигиеничари ќе чистат во две смени
И новата работна недела центарци ја започнаа со нечисти контејнери и мини депонии околу нив затоа што „Комунална хигиена“ веќе подолг период не си ги завршува редовно обврските.
Препорачано
Поради тоа, како што најави градоначалникот Горан Герасимовски оза собирање на сметот ќе бидат ангажирани поголем број хигиеничари кои од денеска ќе работат во две смени за одржување на хигиената на највисоко ниво.
Утрово, но и од она што го видовме викендов, повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ниво. Уште од денеска се зголемува бројот на хигиеничарите на терен, со работа во две смени – сабајле и навечер и механизацијата што ја изнајмуваме се пушта целосно во погон, вели Герасимовски.
На состанокот со раководителите на сектори од општината, Герасимовски изјавил дека мора да се отпочнат и буџетските форуми што беа најавени.
Ги најавивме и мора да ги отпочнеме буџетските форуми и јас предлагам, да не чекаме ноември, туку уште од оваа недела да ги договориме истите, да видиме колку ќе одржиме оваа година, дали ќе биде еден поголем или неколку помали и еден завршен поголем. Мислам дека треба урбаните заедници, да одбереме три, каде што би одржале три посебни форуми и дополнително еден голем каде што ќе ги донесеме заклучоците за програмата, смета Герасимовски.


