Кондомите може да поскапат за 30 проценти поради војната на Блискиот Исток

Цените на кондомите на глобалниот пазар би можеле да пораснат за 20 до 30 проценти, а потенцијално и повеќе, поради нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток, предупреди денес најголемиот светски производител на кондоми „Karex“ од Малезија. Компанијата, која произведува повеќе од пет милијарди кондоми годишно и снабдува познати брендови како „Durex“ и „Trojan“, како и здравствени системи како што е британскиот NHS, се соочува со нагло зголемување на цената на суровините и логистиката, објавува Гардијан.

Извршниот директор на „Карекс“, Го Миа Киут, изјави дека компанијата нема друг избор освен да ги префрли тие трошоци на клиентите, бидејќи цените на клучните суровини како што се синтетичката гума, нитрилот, алуминиумската амбалажа и силиконските масла значително се зголемија откако започна конфликтот кон крајот на февруари.

Дополнително, побарувачката за кондоми се зголеми за околу 30 проценти оваа година, делумно поради прекини во транспортот и зголемени трошоци за транспорт, што доведе до намалени залихи за купувачите ширум светот. Пратките до Европа и САД сега значително се одложуваат поради конфликтот и потребни се речиси два месеци за да стигнат до нивната дестинација, што дополнително ги влошува недостатоците на пазарот.

Кина со данок на кондоми ќе го зголемува наталитетот

„Карекс“ вели дека во моментов има доволно залихи за наредните месеци, но планира да го зголеми производството за да ја задоволи растечката побарувачка во услови на сè понестабилни глобални синџири на снабдување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот