Цената на струјата од 1 јули веројатно ќе се намали, ама не се знае дали ДДВ ќе се зголеми
Цената на електричната енергија се утврдува два пати годишно. На 1 јули треба да се соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи, но добрата вест е што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши таа нема да се зголеми, туку очекувањата се дека ќе се намали.
Препорачано
– Според производството во домашните капацитети, очекуваме намалување на цената – рече Бектеши на денешната прес конференција посветена на енергетика.
На прашање на „Слободен печат“, дали пак од 1 јули ќе имаме зголемување на данокот на додадена вредност, кој според законската регулатива треба да се промени од 10 проценти на 18 проценти, Бектеши изјави дека за ова се` уште не е разговарано.
– Министерството за економија и Министерството за финансии се уште немаат интерни разговори за данокот на додадена вредност на струјата. Но, можно е во насока на заштита на стандардот на граѓаните, данокот и по први јули да остане 10 проценти – рече Бектеши.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
54мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


