Цената на прасињата во Србија вртоглаво расте, а паѓа на гоените свињи
Сточарството во Србија со години бележи пад, а тоа го потврди и последниот земјоделски попис спроведен минатата година. Дека состојбата нема да се подобри говори и фактот што цените на прасињата вртоглаво растат, а на гоените свињи паѓаат, што го наметнува прашањето за исплатливоста на гоењето за сточарите, кога прасињата може да се продаваат побрзо и поскапо.
Препорачано
Разликата во цените на прасињата и свињите за гоење е загрижувачка во последно време, објави Данас. Така, според најновите информации на порталот Српски земјоделски пазарен информативен систем (СТИПС), цените на прасињата со тежина меѓу 16 и 25 килограми на сточните пазари се движат од 500 до 650 динари за килограм во просек. Слични цени се и за прасињата до 15 килограми. Кај гоените свињи од 80 до 120 килограми, цените за килограм во зависност од тоа во кој дел од државата се движат од 220 до 350 динари.
Според истите податоци, максималната цена на прасињата за килограм пред еден месец не надминувала 550 динари, што значи дека цените се уште растат. Бројот на свињи во Србија е намален за една третина од 2012 година Според резултатите што ги објави Републичкиот завод за статистика (РЗС), во Србија лани имало 2.263.705 свињи.


