Фото: МИА / архива

Цела фамилија од Кисела Вода завршила во полициска станица во три наутро

Рано утрово, тројца жители на скопската населба Кисела Вода, кои според иницијалите се членови на едно семејство, биле уапсени поради агресивно однесување кон полицајци. Меѓу оние кои завршиле во полициска станица е и 16-годишно момче, соопшти МВР.

„На 08.01.2026 во 02:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа 53-годишната В.Ц., С.Ц.(45) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен,

Загина работник од Дебар, паднал од зграда додека местел прозорци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот