Погребално „Бутел“ ги намали цените за погреб за жртвите од ковид-19 за 7 до 10 илјади денари
Цените за погреб за семејствата на жртвите од Ковид 19 во „Бутел“ погребен сервис АД, се намалуваат за 7 до 10 илјади денари дознава Слободен печат од извори во претпријатието.
Намалените цени следуваат откако Слободен печат објави дека семејствата на жртвите на коронавирусот кои немаат избор како ќе го погребаат покојникот, поради протоколите кои налагаат лимен сандак, пластична вреќа во која се става телото на починатиот, како и залемувањето на двата сандака, се изложени на високи давачки за погребални услуги. Сето ова е без дополнителните трошоци за ископување на гробот и гробното место.
„Бутел“ погребен сервис АД Скопје денеска донел одлука на Управен одбор, на вкупната фактура за погребални услуги да се минусираат 7 до 10 илјади денари за сите погребални случаи каде покојникот починал од ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче, вчера запрашан за ова, рече дека во комуникација со директорот на Бутел може да очекува давачките да поевтинат и тоа се случи денеска.
Семејствата на починатите од Ковид 19 плаќаат поскапи погреби