Бундеслигата не знае за криза, приходите за минатата сезона изнесуваат речиси четири милијарди евра

фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Германските екипи кои настапуваат во Бундеслигата минатата сезона ја остварија третата најголема заработка во историјата на лигата.

Иако завршницата од минатата сезона се играше пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот, германските екипи заработија дури 3.8 милијарди евра.
Оваа сума е помала во однос на предминатата сезона кога клубовите заработија 3.95 милијарди евра, а причината за намалениот профит е  пандемијата на коронавирусот.

Управното тело на Бундеслигата (ДФЛ) оцени дека натпреварите пред празни трибини поради спроведувањето на мерките за заштита од коронавирусот, донесоа до намалување на приходите за 5.7 проценти во двете најсилни германски лиги.

ДФЛ смета дека ефектот од пандемијата на коронавирусот ќе биде поизразен  оваа сезона, а како причини се наведени падот на цените на трансферите и драстичниот пад на приходите од продажба на влезници.
Минатата сезона во Бундеслигата се одиграа 25 кола пред полни трибини, а лигата продолжи минатиот мај без присуство на навивачи.
Тие девет кола кои се играа пред празни трибини доведоа до пад од дури 30 проценти на продажба на влезниците, додека приходите од трансферите се намалени за 12 проценти.
Приходите во втората германска лига се намалени за 7.2 проценти и изнесува 726 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот