Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на бугарска територија

Палевски не е во Бугарија, соопшти Бугарското МВР

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител на двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, не е во Бугарија, соопшти за „Слободен печат“ денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Информацијата дека Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Спасовски нагласи дека осомничениот Палевски по убиството на Вања, со автомобил заедно со својот адвокат тргнал до Белград, од каде следниот ден заминал во Бугарија.

-Нема информации дека по ова лице се трага во Бугарија или дека се бара со меѓународна потерница. Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија, соопшти бугарското МВР за „Слободен печат“.

Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе стори се за да го пронајде и изведе пред лицето на правдата, како што рече, монструм, кој кривичното дело го извршил од користољубие.

-Можам да ветам дека ќе сторам се, и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро овој монструм, на кјој му ја следиме трагата час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

На страницата на Интерпол до овој момент се уште не е издадена меѓународна црвена потерница по Љупчо Палевски, како барано лице за двојно убиство во Македонија.

Бидејќи случајот е во предистрага се уште не може да се издаде меѓународна потерница по осомниченото лице, нагласи обвинителот Гаврил Бубевски и додаде дека за убиствата обвинителството ќе побара максимална казна, а тоа во нашата држава е доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот