Адвокатот на Палевски: Го однесов на лекар во Белград, не знаев ништо за убиствата

Фото: Фејсбук/Љупчо Палевски

Адвокатот на Љупчо Палевски кој е првоосомничен за убиството на младата Вања Ѓорчевска за Телма вели дека тој го однел Палевски во Белград, бидејќи како што му кажал имал закажано прегледи.

„Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив, полицијата правеше претреси. Ме прашаа и тогаш им кажав“, вели адвокатот Стојков.

Како што соопшти министерот Спасовски на денешната прес-конференција, Љупчо Палевски е убиецот на Вања Ѓорчевска кој го извршил делото поради изнуда на пари. Тој побегнал во Белград а оттаму заминал за Бугарија.

Вања Ѓорчевска минатиот понеделник исчезна, а нејзиното безживотно тело е пронајдено вчера во околината на Скопје.

 

Прес во Обвинителство: Палевски ја убил Вања, татко и му кажал дека дента сама оди на училиште

Спасовски: Убиецот побегнал во Белград од каде што заминува за Бугарија

„Песталоци“ се прости со Вања: Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не знаеме како да се поздравиме

Бубевски: Фризерот убиен за долг од 500 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот