Прес во Обвинителство: Палевски ја убил Вања, татко и му кажал дека дента сама оди на училиште

Фото: Слободен печат

Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференцијата во врска со двојното убиство, кажа дека лицето во бегство е убиецот на Вања Ѓорчевска, а информациите кога оди сама на училиште ги добил од нејзиниот татко.

„Во координација и водство на ЈО во текот на изминатата ноќ беа пронајдени телата на двете лица. Иако завршницата не беше како што сакавме, да ги пронајдеме живи. Телата беа закопани, едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес. По преземените мерки на полицијата, приведени се, и собрани се материјални докази. Приведени се петтмина, три лица се во притвор, приведен е и таткото на Вања, а едно лице е во бегство. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со член на семејството го организирал кривичното дело се со цел да се изнудат пари од мајката.  Токму со тоа возило е земена малолетничката пред влезот од живеалиштето- информира Спасовски. Според него таткото на Вања споделил информација со Палевски за денот и времето на излегување на неговата ќерка.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Палевски

Тој објасни дека повозрасното лице од Велес нема никаква врска со малолетничката, но поради негови врски со еден од осомничените неговото возило е земено и со тоа била земена малолетничката од влезот на живеалиштето откако претходно таткото споделил информација за времето на нејзиното излежување сама од дома.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен со доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

Спасовски рече дека лицето во бегство пребегнал во Белград на 30-ти ноември со возило на неговиот адвокат, од кадешто заминал за Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот