Бугарскиот министер Георгиев: Ако Скопје не ги почитува партнерите, тешкотиите ќе се множат!

Жално би било Македонија да не го зарши патот, по кој самата тргна, изјави во телевизиско интервју заменикот министер за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

Тој го искоментира и палењето на бугарското знаме и навредите кон министерката Екатерина Захариева, велејќи дека станува збор за воспитување.

ВИДЕО | Захариева: За балканскиот сексизам нема место во ЕУ

Ваквото однесување е типично за едни други времиња и нема да се толерира, вели Георгиев.

Тој потсети дека Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година и нема да дозволи било која земја од претпристапниот процес да и држи лекции, а ова што во моментов се случува е лекција низ која ќе помине Северна Македонија.

МНР најостро ја осудува објавата на социјалните мрежи со палење знаме на Бугарија

Георгиев посочи дека на Скопје му претстојат важни фази од процесот на пристапување, но ако не ги почитува партнерите и земјите што цврсто им подале рака, тешкотиите ќе се множат. Сепак, заменикот министер за надворешни работи изрази надеж дека барањата на Бугарија ќе бидат земени предвид до следната дискусија за пристапниот процес на емјава во ЕУ, додавајќи дека вратата не е затворена и разговорите секогаш можат да продолжат.

– Се остава впечаток дека Бугарија е единствената земја на ниво на ЕУ што ја стопира Република Северна Македонија. Да се ​​потсетиме пред само неколку месеци – тоа беа Холандија, Франција. Ние не сме единствените што сме ја попречиле Северна Македонија, заклучи Георгиев, додавајќи дека посакува спорот да биде што поскоро решен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот