МНР најостро ја осудува објавата на социјалните мрежи со палење знаме на Бугарија

Министерството за надворешни работи преку соопштение најостро ја осуди денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија.

-По денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија, најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Северна Македонија, наведуваат од МНР.

Министерството додава и дека на најкатегоричен начин го осудува секој чин на сквернавење на чии било националните симболи, вклучувајќи ги и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји.

МНР упатува апел до граѓаните да не потпаѓаат на ваквите провокации, чија намена, како што стои во соопштението, е очигледно нечесна и во спротивност со стратешките интереси на државата да ги негува и развива добрите односи со соседите. 

Опозицијата се огласи за самиот чин, оттаму велат дека станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

-Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој фб канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед. Одговорно тврдиме дека зад ваквата конструкција стои власта на Зоран Заев и ова е една капка од морето невистини и дел од клеветничката црна пропаганда против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа црна пропаганда е насочена кон Мицкоски зошто тој е најголемата закана за измамникот Заев и СДСМ- велат преку соопштение од опозицијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот