ВИДЕО | Захариева: За балканскиот сексизам нема место во ЕУ

Она што се случува со јазикот на омраза во Република Cеверна Македонија е комплетен безобразлук, а Заев одамна знае каде државата го прекршила Договорот за добрососедство, но не покажал среден прст на Бугарија, иако рече дека „му иде да реагира“ по ветото за почеток на преговори со Унијата, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

По објавата на социјалните мрежи на претседателот на Надзорниот одбор на МИА, Зоран Иванов, Захариева вели дека таа како жена се ужаснува од овдешниот јазик и сексизам.

„За балканскиот сексизам нема место во Европската Унија. Изразите не ги примам лично, туку спрема сите бугарски жени“, изјави таа за бугарската ТВ Нова и додаде дека Владата во Скопје реагирала откако од Софија им испратиле порака „дека претерале веќе“.

Според Захариева, за Бугарија е неприфатливо и „зголемувањето на антибугарската кампања“ во земјава. Таа оцени дека „говорот на омраза“ во земјава не се појавил во последните месеци, туку дека „антибугарската кампања не е запрена“ и секогаш се влошува пред важни моменти.

„Ако сакаат да влезат во ЕУ, мора да се придржуваат до европските вредности. Не мислам дека е добро за граѓаните на оваа земја да бидат воспитани во омраза“, додаде Захариева.

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

Влада: Поведена постапка за разрешување на Зоран Иванов од надзорниот одбор на МИА

Бугарија ги почитува своите соседи и има интерес за европска интеграција на земјите од Западен Балкан, изјави бугарската министерка Екатерина Захариева, при гостување во телевизијата Нова.

Осврнувајќи се на бугарското вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ, Захариева потенцира дека поддршката од Бугарија за земјава никогаш не била безусловна.

Захариева: Ако сакаат да влезат во ЕУ, не е добро за Македонците да бидат воспитани во омраза

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот