Бугарски Фактор: Орце Камчев – темна дамка на лицето на Бугарија

Фото: Миа.мк

Одлуката на американското Министерство за финансии да го стави најбогатиот македонски бизнисмен Јордан Камчев на листата на санкции отвори многу прашања – не само во Северна Македонија, туку и во Бугарија, која е членка на ЕУ. Според Вашингтон Камчев работел на поткопување и загрозување на стабилноста на Западен Балкан преку корупција- пишува Фактор.бг. Од соопштението на Канцеларијата за контрола на странски средства на САД до Министерството за финансии на САД, јасно е и дека неговиот имот е замрзнат. Според нив, тој „ја злоупотребил својата положба и учествувал во коруптивни активности, перење пари и други кривични дела од почетокот на 2000-тите“.

Оваа вест брзо стигна до Бугарија, бидејќи во 2019 година тогашната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, дала предлог до македонската влада, Јордан Камчев да стане почесен конзул на Бугарија во Охрид.

Оваа идеја беше отфрлена од владата на Зоран Заев поради истрагата што во тоа време започна во Северна Македонија за перење пари, злоупотреба на службената положба, шверц, прикривање приходи и организирање на криминална група. Неофицијално, тогаш се тврдеше дека зад идејата на Камчев да стане почесен конзул на Бугарија во Северна Македонија стојат тогашните министри за надворешни работи и одбрана Екатерина Захариева и Красимир Каракачов.

Јордан, или како што е познат, Орце Камчев, кого влијателниот магазин „Форбс“ пред извесно време го дефинираше како најбогат Македонец, исто така се изјасни за виновен во случајот „Империја“, кој е за злоупотреба на службената положба. Орце Камчев е познат како касиерот преку кој минуваат митото на поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на македонското контраразузнавање Сашо Мијалков. Камчеви и Мијалкови се пријателски семејства кои ја држат својата моќ кај нашиот југозападен сосед до почетокот на 2017 година.

Не така одамна во Северна Македонија заврши случајот „Рекет“ поврзан со исплата на поткуп од 8 милиони евра, што го бараше Орце Камчев. Сè започна во 2018 година, кога тогашната шефица на специјалното обвинителство, Катица Јанева, отвори истрага против Орце, поради што беше уапсен. Веднаш потоа кај Камчев дојдоа двајца посредници – шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец. Му нудат на Камчев да го прекине случајот против него, кој ќе го чини 8 милиони евра мито, кои ќе и ги дадат на Катица Јанева, по што се ќе биде заборавено. Но, снимки од нивните разговори и аранжмани се објавени во италијанскиот весник „Ла Верита“. Веднаш по откривањето, Катица Јанева беше отстранета од функцијата.

Во 2020 година Катица Јанева и шоуменот Бојан Јовановски беа осудени на 7 и 9 години затвор. Случајот кој го поднесе Катица Јанева се вика „Империја“ и се работи за организирана криминална група која перела пари преку компании во Северна Македонија и офшор компании низ светот и вршела измама и злоупотреба на службената положба. Со соборувањето на Јанева, борбата против корупцијата беше прекината, а вниманието од Камчев се префрли на неа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот