Бугарска агенција БГНЕС: Вучиќ се приклучи на „антиевропската реторика што ја блокира Северна Македонија во ЕУ“

Светосавска академија / фото „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Во известувањето од синоќешната Светославска академија, БГНЕС цитира изјава од говорот на Вучиќ: „Србија не бара од Северна Македонија промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“.

Бугарската новинска агенција БГНЕС оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ „во центарот на Скопје отворено се занимава со антиевропска реторика и пропаганда што води кон блокирање на европската перспектива на Северна Македонија“. пишува Данас.рс.

Во известувањето од синоќешната Светославска академија, БГНЕС цитира изјава од говорот на Вучиќ: „Србија не бара од Северна Македонија промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“.

Македонија и Србија се врвни соработници, порачаа Пендаровски, Вучиќ и Ковачевски на Светосавската академија

Објаснувајќи го контекстот, БГНЕС навел дека без задолжителниот услов за измени на Уставот, Република Северна Македонија не може да ги продолжи преговорите за членство во Европската унија. Ова, како што се посочува, е вградено во Преговарачката рамка на Северна Македонија, која ја одобрија сите земји членки на Европската унија.

Се наведува дека празникот Вучиќ го прославил заедно со претседателот на Северна Македонија, Стив Пендаровски и со премиерот во заминување, Димитар Ковачевски, а на настанот присуствувале и претставници на Република Српска (српски ентитет во Босна и Херцеговина).

Јас сум претседател на Србија, но не се плашам да кажам дека Македонците се нашиот најблизок народ. Немаме поблиски луѓе од Македонците. Ова го кажувам отворено и јасно пред целата српска и македонска јавност. Не сакаме ништо од Северна Македонија. Немаме услови за ништо. Не очекуваме ништо. Единствено што би сакале е да изградиме уште подобри и поблиски односи“, го пренесе БГНЕС обраќањето на српскиот претседател.

БГНЕС: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот