Фото: mtftennis.mk

Бугариќ издоминира во финалето, Македонија доби нов тениски шампион

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Берг Бугариќ е новиот шампион на Македонија во тенис откако денеска во финалето на Државното првенство го совлада репрезентативниот колега младиот Кристијан Јанев.

Бугариќ прикажа сигурна игра и со тоа ја оправда фаворитската улога совладувајќи го ривалот со 2-0 во сетови (6-2 6-0). За двајцата тенисери ова беше прво финале на државното првенство.

На овој начин Бугариќ годинава стигна до двојна круна откако вчера во конкуренција на двојки со Елдин Хусеиновиќ ја освија титулата.

Шампионка кај жените е Александра Симева која беше подобра од Теона Андова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот